Повредени седум полицајци и осуммина приведени на протестот за „Монструм“

На протестот за пресудите во случајот „Монструм“ се повредени седум полицајци.

Од МВР, исто така, информираат дека се приведени осум лица и дека се работи за пронаоѓање и прведување на уште лица учесници во протестот.

Неколку пати попладнево демонстрантите се обидоа да го пробијат полицискиот кордон. Фрлаа шишиња, запалки, столови кон полицијата, а дел од нив, маскирани со фантомки, со цело тело се фрлаа во полициските штитови, но полицијата не им дозволи да се доближат до судовите.

Протестот заврши кога полицијата ги потисна демонстрантите кои имаа намера да одат до Собранието и ги принуди да се вратат кон Бит-пазар.

 

makfax

Close