Лекари без граници: ЕУ го попречува еднаквиот пристап до вакцинација

Дејствата на ЕУ за зачувување милијарди дози вакцини против коронавирус за нејзината популација го попречуваат еднаквиот пристап до вакцинацијата ширум светот, смета хуманитарната организација Лекари без граници.

„ЕУ резервираше милијарди дози вакцина за себе, блокирајќи го глобалниот правичен пристап. На почетокот на пандемијата, лидерите на Европската унија поставија смели цели што дадоа надеж за глобален одговор во борбата против Ковид-19“, се наведува во соопштението на организацијата.

Како што пренесуваат странските агенции, станува збор за фактот дека вакцините против коронавирус треба да се сметаат за „универзално општо добро“.

„За жал, постапките на ЕУ се спротивставуваат на овие амбициозни задачи и понекогаш им отежнуваат на другите земји да ја преземат контролата над пандемијата“, се вели во соопштението на МСФ.

„Лекари без граници“ очекуваат „итна акција за унапредување на глобалниот пристап до вакцините“ на претстојниот состанок на лидерите на ЕУ на 25 и 26 февруари.

 

Извор/фото:Агенции

Close