Заев: Мијалков се пријавил во ОЈО, веќе е во домашен притвор

После преземената акција објавувам конкретен резултат од кој имаме значаен успех:
Се пријави Сашо Мијалков во Обвинителството за организиран криминал и обезбеден е неговиот домашен притвор, напиша премиерот Зоран Заев на Фејсбук.
-Институциите ги презедоа сите редовни и вонредни мерки во врска со бегството на Сашо Мијалков. Координацијата помеѓу сите институции со сите активности што се презедоа во последниве 40 часа дадоа резултат. Правдата е обезбедена, ќе ја има и повеќе и почесто!
Следува и моја изјава за медиумите за што јавноста дополнително ќе биде информирана, рече Заев.
Извор/фото:Агенции
Close