Денеска во Охрид 24 новозаразени од КОВИД, еден починат

Во последните 24 часа во Македонија се направени 2.813 тестирања, при тоа регистрирани се 509 нови случаи на Ковид-19.

Новозаразените се во Скопје – 285, Прилеп – 37, Кавадарци – 29, Охрид – 24, Велес – 16, Тетово – 11, Битола и Крива Паланка  – по 10, Струга и Гевгелија – по 9, Куманово и Неготино – по 8, Кочани и Крушево – по 7, Гостивар и Штип – по 6, Ресен, Делчево и Берово – по 4, Пробиштип, Кратово и Богданци – по 3, Свети Николе и Валандово – по 2, Струмица и Радовиш – по 1.

Пријавени се вкупно 9 починати лица. Починати се 4 пациенти од Скопје  (71г, 66г, 63г, 55г) и по еден пациент од Охрид  (67г), Куманово (68г), Кочани (85г), Делчево (61г), Демир Хисар  (84г). Од пријавените смртни случаи сите се починати во болнички услови.

Регистрирани се 354 оздравени пациенти.

 

МЗ

Close