Здружението на Египќаните „Пирамида“ бара јавно извинување од Јутуберот Ритко, доколку не се извини најавуваат кривична пријава

Здружението на Египќаните од Охрид Пирамида бара јавно извинување од Јутуберот Ритко, се вели во соопштението од Здружението на египќаните. Тие во истото додаваат:

Доколку Ритко Мемедов не се произнесе после вчерашното видео извинувајќи се ЈАВНО на египќаните , во следниот период ќе поднесеме кривична пријава за :

– Говор на омраза и нетрпеливост кон Египќаните

– Потикнување на Етничка нетрпеливост

– Расна Дискриминација

– Етничка нетепеливост

– Омаловажување

– Исмејување …

Од здружението додаваат дека Јутуберот злоупотребил јавна слика за да се исмејуваат личности и додаваат дека двајца на сликата се носители на јавна функција, еден е советник а другиот пратеник.

фото: PRTSC

Close