Учениците се враќаат во британските училишта на 8 март

epa08614219 An empty class room at a school in southern London, Britain, 20 August 2020. The British government has stated that all schools, primary and secondary schools must reopen in September following lockdown due to the Coronavirus pandemic. EPA-EFE/ANDY RAIN

Училиштата во Велика Британија повторно ќе бидат отворени на 8 март како дел од „претпазливиот план“ за укинување на епидемиолошките ограничувања, пренесува денеска Би-Би-Си.

Премиерот Борис Џонсон ќе го претстави денеска пред министрите и пратениците конечниот план за укинување на ограничувањата. Се очекува тие да бидат укинати во фази.

Во првата фаза училиштата треба да се отворат на 8 март, за кога е планиран и почеток на спортски активности на отворено.

Потоа, ќе се дозволи рекреација во парковите, за најмногу две лица. Исто така, ќе им биде дозволено да седнат на пијалок или пикник.

Планот е до шест лица или две домаќинства да можат да започнат средби на отворено од 29 март.

Од крајот на март, исто така, се планира на Британците да им биде дозволено повторно да одат надвор од областа во која живеат, но со забрана за ноќевање, но сепак ќе се препорача престој во локалната средина. с

 

Извор/фото:Агенции

Close