Гутереш за „Гардијан”: Светот се соочува со пандемија на кршење на човековите права

Првиот човек на светската организација, Антонио Гутереш, изјави дека една година по избувнувањето на пандемијата на коронавирусот светот покажа дека се соочува и со пандемија на кршење на човековите права.

„Пандемијата со Ковид-19 ги ​​продлабочи постојните поделби, слабости и нееднаквости и отвори нови прашања, вклучувајќи ги и прашањата за човековите права”, напиша Гутереш во авторскиот текст за лондонски „ Гардијан”.

Проценувајќи дека коронавирусот се шири затоа што сиромаштијата, дискриминацијата и уништувањето на природната средина создадоа голема слабост во нашите општества, Гутереш посочи дека животот на стотици милиони семејства претрпел големи промени поради загубите на работни места, зголемените долгови и паѓањето на приходите.

Според него, особено погодени се работниците во првите редови на борбата против вирусот, лицата со попреченост, старите лица, жените и малцинствата, додавајќи дека во неколкуте последени месеци напредокот во областа на родовата еднаквост е вратен од пред неколку децении.

Генералниот секретар на ОН во авторскиот текст посочува и дека најголемиот товар на домашните обврски го презеле жените, додека насилството врз нив е зголемено во сите форми, од злоупотреба преку Интернет до семејно насилство, трговија со луѓе, сексуална експлоатација и детски бракови.

 

Извор/фото:Агенции

Close