„Работев суптилни работи за државата“ Балабан во 2007 за Амак Прес

„Работев на знаени и не знаени задачи во земјава и во странство вршејќи суптилни функции за државата и претпријатијата во кои работев“

Оваа реченица се прераскажуваше низ Охрид од како во јуни 2007 година Томислав Балабан ексклузивно излезе на страниците на тогашниот градски весник „ Амак Прес – Охридски Новини“, а тиражот од весникот „пламна“ и го снема уште утрото кога излезе од печат.

Во овој разговор Томислав Балабан раскажува и за инвестициите и златното време на охридското стопанство во седумдесеттите и осумдесеттите години од минатиот век, кога градот Охрид остварил стопански раст и сеопшт растеж кој денешните генерации неможат ни да го замислат, а очигледно е дека во догледно време денес живите генерации нема да оствариме ни 20 % од тој просперитет на генерациите од кои е беше дел Томислав Балабан.

Во разговорот тој зборува и за пензионерските денови потенцирајќи дека не е класичен пензионер и дека сеуште работи, а потенцира и дека одењето во пензија е една пресвртница во животот кога секој човек ќе види колку вреди и дали луѓето и натаму ќе го бараат.

Балабан низ разговорот кажува и многу мудри мисли кои се дел од филозофијата на живеење, па така потенцира дека човекот вреди онолку колку што им треба на луѓето и се додека луѓето сами го бараат, значи дека тој вреди.

Томислав Балабан зборува и семејните радости во тие денови кога се радува на децата и внуците, дека не жали за младоста, а духовито сакаше на јавноста и каже и дека ако некое утро не се појави во 8 часот и 30 минути во ресторанот „ Стар Чинар“ пријателите го барале по бандери.

Томислав Балабан почина вчера на 84 години.

Прочитајте го разговорот со Томислав Балабан од јуни 2007 година објвен на страниците на „Амак Прес – Охридски Новини“

Close