Роберт Ирвин награден за фотографија на пожар во Австралија снимена со дрон

Фотографијата од пожарот со дрон ја направи Роберт Ирвин, синот на починатиот зоолог Стив Ирвин. Оваа фотографија доби 55.000 гласови од луѓето ширум светот.

На фотографијата е овековечен моментот додека огнената стихија ја покорува шумата, а пожарите како овој и понатаму се закана за загрозените видови и различните екосистеми кои постојат. Фотографијата служи и како потсетник дека пожарите уништија големи делови во Австралија во текот на летото, зедоа стотици животи, уништија илјадници домови и запалија милион хектари земја.

Меѓу фотографиите е и онаа на која е прикажан последниот бел северен носорог кој подоцна почина, а има и други одлични фотографии.

 

Извор:Агенции

Close