Меган Маркл е повторно бремена

Принцот Хари и неговата сопруга Меган Маркл ќе имаат уште едно дете, потврди синоќа кралскиот пар.

Токму на „Денот на вљубените“, војводата и војвотката од Сасекс објавија дека го очекуваат своето второ дете.

„Можеме да потврдиме дека Арчи ќе стане поголем брат. Војводата и војвотката од Сасекс се пресреќни што го чекаат своето второ дете“, изјави претставникот на кралската двојка во неделата.

Второто дете на двојката ќе биде 12-от правнук на британската кралица Елизабета Втора и ќе биде осмиот во наследниот ред на тронот, по принцот од Велс – Чарлс, војводата од Кембриџ – Вилијам, принцот Џорџ, принцезата Шарлот, принцот Луи, војдодата од Сасекс – Хари и неговиот син Арчи. По раѓањето на второт дете во семејството на принцот Хари и Меган Маркл, војводата од Јорк – Ендрју оди во деветтиот ред во наследниот ред на британската круна.

Принцот Хари и Меган Маркл станаа родители на 6 мај 2019 година, а нивниот син, принцот Арчи, има речиси две години. Во ноември 2020 година, Маркл за весникот „Њујорк тајмс“ раскажа дека во јули истата година го загубила своето второ дете и ги сподели своите трауми од спонатниот абортус.

 

Извор/фото:Агенции

Close