Лидер: Мукоски сака да гласа на вонредниот конгрес на „Мериот“, Нола сака Мицкоски да падне – двајцата се исклучени од партијата!

Радио Лидер се обиде да стапи во контакт со дел од 8-те пратеници кои гласаа за промена на името по што беа исклучени од ВМРО-ДПМНЕ. На нашите повици одговорија само Крсто Мукоски, Нола Исмајлоска Старова и Љубен Арнаудов, објави lider.com.mk.

Мукоски вели дека до сега никој не го контактирал, но тој би отишол на овој собир за да гласа како делегат.

Со сличен став е и Нола Исмајлоска – Старова, која вели дека е убедена дека две третини од делегатите ќе се појавеле на овој конгрес. Таа вели дека не е убаво на групата околу Мијалков да и се става етикета дека е блиска со СДСМ.

Од интервјуираните единствено Љубен Арнаудов нема став и како исклучен од партијата не сака да се меша во овие работи.

Текстот во целост како и аудио разговорите на Лидер со Мукоски, Исмајлоска – Старова и Арнаудов, може да ги прочитате и слушнете на овој линк.

Close