Оскарите ќе се пренесуваат во живо од повеќе локации

Годинава церемонијата на доделување Оскари ќе се пренесува во живо од повеќе локации, објави Академијата за филмска уметност и наука.

Најголемата ноќ во светот на филмот изминатите децении се одржуваше во театарот „Долби“ во Лос Анџелес, но бидејќи вториот најголем град во САД е под ковид рестрикции, церемонијата ќе се прилагоди на барањата на пандемијата, велат организаторите. Продуцент на шоуто ќе биде оскаровецот Стивен Содерберг. Други детали за церемонијата, која ќе се одржи на 25 април, два месеца покасно,не се откриваат.

„За да се обезбеди шоу во живо какво што сакаат да гледаат луѓето низ цел свет, церемонијата ќе се пренесува од повеќе локации, вклучувајќи го и ‘Долби‘. Деведесет и третите Оскари ќе бидат како ниедни досега, додека во прв план се јавното здравје и безбедноста на учесниците“, изјави портпаролот на Академијата.

 

Извор/фото:Агенции

Close