Од кого ќе се самопрочисти ВМРО ДПМНЕ Охрид по барањето за вонреден конгрес?

Кој од членовите ( активни и замрзнати ) на ВМРО ДПМНЕ во Охрид јавно ќе застане зад иницијативата на т.н. „Мериот коалиција“ за свикување на вонреден конгрес во март воочи Локалните избори, и кој мисли дека тајно ќе го прави тоа?

Ова е прашањето на кое јавноста ќе има одговор најверојатно до средината на март , а во партијата ВМРО ДПМНЕ според наши извори знаат за не повеќе од четири лица кои активно се вклучени во овој процес и дејствуваат на терен. Дел од нив јавно, некои тајно. Активностите и „убедувањата“ според нашите извори од ВМРО ДПМНЕ се одвивале во кафетерии за оние кои се одважиле јавно да дејствуваат во корист на т.н. „Мериот коалиција“, а за оние кои се ветиле дека ќе работат за нив ама тајно, индоктринирањето се правело во еден стан и една викенд куќа надвор од градот.

Според информациите со кои засега располагаат како во комитетот на партијата во Охрид, така и во Скопје, лицата кои го прават ова се оптоварени со кривични пријави или истраги кои непрекинато течат веќе трета година и немаат исход, а се користат за уценување и држење на далечинско управување на овие лица кои последните три години реално цело време работат за СДСМ почнувајќи од референдумот па се до последните предвремени избори.

„Охрид 1“ побара коментар од комитетот во Охрид, но од таму не сакаа ништо да коментираат јавно додека како што велат не дојде време за тоа. Партиски функционер од Скопје, кратко прокоментира:

„Засега нема официјално да коментираме ништо, но знаеме се ! Бидејќи секој треба да знае дека овие четири лица кои се вклучени во индоктринирање на други лица реферираат во т.н. „Мериот колаиција“ кого повикале и што сработиле. Потоа од таму информации доаѓаат кај нас“ – бирифира функционер од ВМРО ДПМНЕ во Скопје кој најави дека детално во даден момент ќе објават се, а со тоа ќе ја прочистат партијата од овие кадри кои три години работат за СДСМ, а се кажуваат дека се од ВМРО ДПМНЕ.

Во меѓувреме на социјалните мрежи се шпекулира со непроверени тврдења околу тоа кој за кого работи и дека луѓе на кои им се заканува затвор организираат конгрес управувани на далечинско од СДСМ.

Нај конкретен во ова е Јанко Бачев кој за NEWS1 кажа дека криминалци сакаат да го превземат ВМРО ДПМНЕ со цел да не одат во затвор.

Се на се, жално, тажно и срамно е што луѓето од т.н. иницијативен одбор на кои партијата ВМРО-ДПМНЕ кога беше на власт им пружи практично се во животот: функции, престиж, од голтари ги направи богаташи… го допреа дното – станаа слуги на Заев за слабеење на опозицијата во едно битно време во битката против фалсификување на пописот со кој се руши темелот на државата. А ние наивно сме верувале дека Мијалков и неговата криминална дружина откако натрупаа огромни богатства, како и 8-те одметнати и купени пратеници, сите топтан ќе се тргнат од очите на народот повеќе да не ги гледа. Па, тогаш, кој ќе одработува за Заев и ќе ги руши Македонија и Македонците“; вели Бачев за NEWS 1.

фото: Архива

Close