Прашањето за минарето ќе се решава после петти мај, истакна премиерот Заев од Охрид

Запрена е изградбата на минарето на Алипашината џамија во Охрид, ќе се вршат само конзерваторско–реставраторски работи и реконструкција. При денешната посета на Охрид, премиерот Зоран Заев рече дека ова прашање ќе се разгледува на заеднички состанок после пети мај.

-Охрид е пример на соживотот и меѓурелигиското разбирање да ова прашање заедно, на заеднички состанок после пети мај седнеме во Владата и го најдеме решението. Законите треба да се почитуваат во државава но истовремено да го почитуваме и сите други околности кои што се важни за сите граѓани. Апелирам до сите, пред се до охриѓани со целосна почит меѓусебна да продолжиме во рамките на законот и во рамките на нашата меѓурелигиска разноликост и да изнајдеме начин да го решиме овој проблем, истакна премиеро Зоран Заев при денешната негова посета во Охридско-струшкиот регион.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close