Одрон од карпи на патниот правец Струмица – Берово, сообраќајот отежнат

АМСМ соопшти дека вечерва, поради одрони од карпи и земја, сообраќајот на патниот правец Струмица – Берово над рудникот Огражден се одвива отежнато.

Поради врнежите, АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите.

 

 

Извор/фото:АМСМ

Close