Сврзикапа: “Британскиот” сој на вирусот во декември, кај лице кое не патувало сугерира дека веќе се шири, точно е дека не е време за паника, меѓутоа време е за акција

Охриѓанецот Мр. Докторски студент Ненад Сврзикапа, од одделот на Педиатрија на Универзитет Оксфорд, Линакер Колеџ, (ALM Department of Paediatrics, University of Oxford, Linacre College), вели дека откривањето на “Британскиот” сој на вирусот во декември, кај лице кое не патувало сугерира дека веќе се шири. Точно е дека не е време за паника, меѓутоа време е за акција, пишува Сврзикапа на ФБ. Тој во објавата додава:

-Знаеме дека овај вирус многу брзо станува доминантен. Можно е да има и 30% поголема смртност (тоа уште не се знае точно). Во пресрет на ова откритие, земајќи во предвид дека нема да имате вакцини за борба против вирусот, најдобро е да се врши секвенционирање и агресивно трасирање на контакти и изолација. Постојат методи на мултиплексирање на десетици тестови во еден кој може да ја намалат цената по тест. Постојат и инструменти за секвенционирање на целиот вирус (Pacbio) кој масовно се користи во УК и САД. Треба да се обезбедат средства, овие инструменти нема да се фрлат после пандемијата. Секвенционирањето треба да е стандардно како што рече Горан Кунгуловски , и само тоа дава точна слика за тоа што се случува во земјата. Не се толку скапи ни машините ни реагенсите кога се работи за државен интерес, напиша Сврзикапа на ФБ.

 

 

Close