Охриѓанецот кој почина од британскиот сој на коронавирус имал прекумерна тежина

Лице на возраст од 46 години од Охрид е првата жртва на британскиот вид на корона вирус, во земјава. Министерот за здравство Венко Филипче веста ја потврди за „Фокус”.

Тој за медиумот додава дека кај пациентот постоел ризик фактор – гојазност, односно имал прекумерна тежина.

Случајот е од четврти јануари, кога бил потврден позитивен тест кај заболениот. Од овој вид корона вирус во земјава имаше заболено уште едно лице од Скопје, кој се излекувал пред четири дена.

фото: Архива

Close