Конференција во Атина за лажните вести и Договорот од Преспа

Министрите Дамјан Манчевски и Роберт Поповски заедно со новинари од Северна Македонија денеска ќе учествуваат на конференција во Атина за „Лажните вести и Договорот од Преспа“, организирана од Министерството за дигитална политика, телекомуникации и информации на Грција и Министерството за информатичко општество и администрација на Северна Македонија, јави дописничката на МИА од Атина.

На настанот што ќе се одржи во просториите на грчкото министерство, обраќања ќе имаат министерот за дигитална политика, телекомуникации и информации на Грција, Никос Папас и неговиот заменик, Лефтерис Крецос, министерот без ресор и портпарол на грчката влада Димитрис Ѕанакопулос, а од кај нас, министерот за информатичко општество и администрација, Манчевски и министерот без ресор задолжен за комуникации, отчетност и транспарентност, Поповски.

На конкретната тема, свои обраќања ќе имаат и новинари од двете земји.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close