Генералки во с.Пештани и с.Лескоец

Ј.П.„Охридски Комуналец„ продолжува со акциите за генерално пролетно чистење во урбаните заедници и приградските населби.

Оваа работна седмица генерално се расчистуваше во с.Пештани каде се подигна расфрланиот комунален отпад и трската од крајбрежниот појас, се отстрани ниската вегетација од тротоарите и пристапните патеки, се изврши метење на јавните површини, по што се изврши и миење на истите со цистерна.

Акција за генерално чистење се спроведе и во с.Лескоец. Во оваа приградска населба се подигна голема количина од кабаст отпад , зелен отпад и градежен шут, како од јавни така и од приватни запуштени површини , каде граѓаните создале мини-депонии расфрлајќи го непотребниот отпад од домовите. Во расчистувањето и подигањето на отпадот е ангажирана и специјална механизација.

Со акцијата беа опфатени сите јавни површини во селото и подигнат е расфрланиот комунален отпад покрај магистралниот пат Охрид-Битола на потегот од с.Лескоец.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close