Фон дер Лајен: ЕУ вложи милијарди за развој на вакцини, сега компаниите да го исполнат своето

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен изјави дека ЕУ инвестирала милијарди евра во развој и производство на вакцини против Ковид-19 и дека сега со право очекува фармацевтските компании да го исполнат својот дел од обврските кон Европа.

– Сега компаниите треба да го испорачаат својот дел од работата и да ги исполнат своите обврски. Затоа воспоставуваме механизам за транспарентност при извозот на вакцини. Европа е решена да придонесе за глобалното добро, но ние, исто така, бараме да се почитуваат договорите, рече Фон дер Лајен во видео порака објавена на нејзиниот профил на Твитер.

Close