Во пукање во Индијанаполис петмина мртви, меѓу кои и бремена жена

Пет лица, вклучително и 19-годишна бремена жена, се убиени во пукање во северниот дел на Индијанаполис. Еден малолетник е тешко повреден и се наоѓа во критична состојба.

Полицијата добила пријава за пукањето нешто пред 4 часот наутро по локално време. Пронашле ранет малолетник на улица, а наскоро ги пронашле и телата на другите пет жртви.

„ И покрај сите напори на медицинскиот персонал, бремената жена и нејзиното неродено дете не преживеаја. Веруваме дека младиот човек кој беше застрелан ќе ја преживее повредата”, изјави полицискиот портпарол, Шејн Фоли за Си-Ен-Ен.

Иако истрагата е во почетна фаза, Фоли вели дека сите индиции покажуваат дека нападот бил планиран. Полицијата верува дека имало неколку напаѓачи, но нивните имиња сè уште се водат за исчезнати.

„ Тоа што се случи утрово не е обично насилство … Утрово тоа беше масовно убиство“, рече градоначалникот на Индијанаполис, Џо Хогсет.

Close