Доставени хуманитарните пакети до семејствата на кои им се потребни

Сите 120 хуманитарни пакети кои ги донираа Општина Охрид и Дебарско кичевската епархија како дел од овогодинешните богојавленски чествувања, во текот на изминатите денови беа доставени до нашите сограѓани со социјален ризик.
👍Упатувам благодарност до Мобилните тимови на Општина Охрид и екипите на Црвен крст кои се погрижија оваа хуманитарна активност да биде навремено реализирана.
📦Ги поттикнувам претставниците на бизнис секторот и останатите институции да бидат хумани и во рамки на своите можности да помогнат онаму каде што е најпотребно, напиша во својата објава градоначалникот Георгиески.
Close