Фаучи: Планот за вакцинација на Бајден е тешко остварлив

epa08760947 YEARENDER 2020 PERSONALITIES Immunologist Dr. Anthony S. Fauci of the US National Institutes of Health arrives for closed-door meetings with US Vice President Mike Pence and House members at the US Capitol on the administration's response to the COVID-19 coronavirus outbreak in Washington, DC, USA, 04 March 2020. EPA-EFE/ERIK S. LESSER

Американскиот епидемиолог Ентони Фаучи денеска изјави дека е тешко да се постигне целта на претседателот Џо Бајден да спроведе 100 милиони вакцинации во првите 100 дена, иако САД неодамна може да вакцинираат околу милион луѓе на ден.

Тој објасни дека ќе биде потешко да се стигне до луѓето откако ќе се дадат инјекциите надвор од болници и домови за стари лица.

Фаучи, владин експерт за заразни болести, рече дека целта на претседателот се однесува на 100 милиони вакцини, а не луѓе, бидејќи вакцините се даваат во две дози.

Фаучи, исто така, за Си-Би-Ес изјави дека националната комисија треба да сфати некои проблеми во координирањето на одговорот на Ковид-19 на државно и на локално ниво, бидејќи на сојузните држави не треба да им се „кажува дека се сами“.

Рон Клајн, шеф на кабинетот на Бајден, ги нарече 100-те милиони вакцини за 100 дена „многу смела и амбициозна цел“. Тој за Ен-Би-Си изјави дека тоа нема да ја спречи администрацијата да поставува повисоки цели доколку е изводливо.

 

 

Close