(ФОТО) Среќен 6 ти роденден „Даблин“

Синоќа  со голема забава Пабот „Даблин“ го прослави својот 6-ти роденден. За  забавата во едно од најпознатите охридски катчиња се погрижи групата „Four“ од Прилеп.

Во изминатите шест години „Даблин“ стана  многу пријатно катче, омилено и кај младите и кај постарите, создаде имиџ на урбано катче. Токму тука се имаат родено први љубови, договорени се први бизниси, создадени цврсти пријателства. Токму тука посетителите раскажуваат ги вкусиле највкусните сендивичи и токму тука на весели друштва времето како да им лета.

„Даблин“ е познат по голем избор на домашни и странски пива. На листа ги има преку 30 – 40 видови..

На мени во ова катче се нуди добра храна: даски,  пилешки прсти, крилца. А секое мени не би било комплетно ако не е зачинето со најљубезен персонал.

За љубителите на добрата забава токму во „Даблин“ има забава секој викенд со рок свирки.

Екипата на Охрид 1 на нашите верни пријатели од „Даблин“ им посакува уште многу години успешна работа.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close