Проблеми со плаќање со картичките на „Охридска Банка“

Физички лица корисници на картички во „Охридска Банка“ – дел од „Шпаркасе“ денес имаат проблеми со плаќања со картичките бидејќи системот во текот на вчерашниот ден повлекувал поголеми износи од сметките на коминтентите, па износите кои корисниците ги гледаат на апликациите во телефоните не се совпаѓаат со оние кои се во банката.

Во контакт центарот на банката на граѓаните им појаснуваат дека во текот на вчерашниот ден настанала системска грешка заради која вчера се повлекувале повеќе средства од сметките и дека во текот на денот се работи на надминување на проблемот.

Од контакт центарот се извинуваат на корисниците и молат за трпение и разбирање бидејќи парите ќе им се врателе на сметките по решавањето на тој „системски проблем“.

Close