Франција воведува ПЦР тест за влез во државата

Францускиот претседател Емануел Макрон им рече на своите колеги од Европската унија дека Франција ќе ги направи PCR-тестовите задолжителни за сите патници кон Франција, вклучително и другите земји на ЕУ, од недела, беше објавено од кабинетот на Макрон.

Прекуграничните работници и копнениот транспорт ќе бидат ослободени од таа обврска, додаде француското претседателство.

Тестот ќе треба да се изврши најдоцна во рок од 72 часа пред поаѓањето, беше речено по видео-самитот на лидерите на ЕУ што се одржа вчера.

 

Close