Променливо облачен петок

Во останатиот дел од Македонија денеска ќе биде променливо облачно, а ќе дува и умерен ветер од јужен правен кој повремено на некои места ќе засилува. Во западните предели ќе има услови за слаби локални врнежи од дожд, додека на повисоките планини ќе провејува слаб снег. Максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 6 до 13 степени.

За време на викендот времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд и тоа особено во попладневните и во вечерните часови. Врнежите локално ќе бидат со поголем интензитет, додека на планините ќе има врнежи од снег каде снежната покривка значително ќе се зголеми.

Температурите на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 6 до 13 степени. На почетокот од следната недела под влијание на постудена воздушна маса врнежи од снег ќе има понекаде и на повисоките населени места. Ќе дува и умерен до засилен ветер од јужен, а во понеделник од западен правец.

 

Close