ИЦС Системи после Охрид и Куманово ќе работи и во Валандово

Во наредниот период во општина Валандово треба да отпочне постапката за замена на сегашното со ново улично осветлување кое ќе биде енергетски ефикасно со ЛЕД светлики. Првиот човек на општината Перо Костадинов го потпиша договорот за јавно приватно партнерство со ЕСКО компанијата – ИЦС Системи која во наредните години ќе треба да се грижи за уличното во ова општина, објави drnka.mk.

Како што објави градоначалникот на Валандово Перо Костадинов станува збор за инвестиција која ќе треба да го замени сегашното старо и дотраено улично со ново економично кое ќе придонесе за заштита на животната средина. При тоа нема да се потрошат општински пари а новото улично ќе се отплаќа од заштедите што ќе се прават а по извесен период општина ќе го добие.

,, Во општина Валандово, предвидена е замена на 1800 сијалични места низ населените места во општината, намалување на емисиите на штетни стакленички гасови за 424,6 тони годишно и зголемена заштеда на средства за околу 50%. Финансирањето, изведбата и гаранциите за имплементацијата на проектот ќе ги сноси ЕСКО компанијата, која е избрана по јавниот оглас, додека пак ануитетот кон ЕСКО компанијата, општината ќе го плаќа исклучиво од заштедата на енергијата со месечни ануитети до реализацијата на договорот, без зголемување на цената за јавно осветлување. По истекот на договорот, целата заштеда на енергија и опремата остануваат во сопственост на општината,, објави градоначалникот Перо Костадинов на својот ФБ профил.

Текстот во целост на:  drnka.mk.

Close