Филипче: Првите вакцини од „Фајзер“ и од Србија ќе стигнат со интервентен увоз

Не постои законска пречка за прием на вакцините против Ковид-19 во нашата земја. Првите дози на вакцината „Фајзер“, која е договорена во директни преговори со производителот, како и 8000 дози вакцини кои од Република Србија треба да пристигнат во нашата земја ќе бидат со интервентен увоз. Измената на Законот за лекови е поради глобалната политика на „Фајзер“, кои инсистираа апликант за регистрацијата на вакцината да биде нивното претставништво коешто е со седиште во Холандија, одговорно за овој дел на Европа, вели министерот за здравство, Венко Филипче.

„ Србија е единствената земја во целиот регион каде има локално претставништво на „Фајзер“ и тоа на некој начин им ги забрза работите. Но, и тоа не е пречка свесни дека е таква нашата законска регулатива, производителот „Фајзер“, се согласи првите количини вакцини кои ќе дојдат во нашата земја и преку директниот договор, но и преку помошта од Србија да дојдат со т.н интервентен увоз, за што има законска регулатива и за тоа не треба регистрација“ истакна Филипче.

Тој додава дека „Фајзер“ на нашата земја и излезе во пресрет, несакајќи да се забави динамиката на пристигнување на вакцините.

Close