Водата во Струга дозволена за пиење, според последните анализи


Според последните анализи кои се направени на ден 18.01.2021 година земени се примероци вода за физичко хемиска и микробиолошка анализа. Констатирано е следното:
Според Правилникот за безбедност на водата за пиење(Сл.Весник на РМ бр 183/2018) во Струга водата за пиење здравствено исправна.Матноста е пониска од 1,5 NTU и микробиолошките анализи покажуваат дека водата е микробиолошки исправна односно не е загадена со бактерии.
ПРЕПОРАКА: Водата во СТРУГА ќе може да се користи како здравствено исправна вода за пиење,во домаќинствата за одржување на лична хигиена,хигиена на раце,во производсто и промет на прехрамбени производи, информираат од Центарот за јавно здравје Охрид.