Доделени 120 хуманитарни пакети наменети за социјално ранливите семејства од подрачјето на општината

Општина Охрид и Дебарско кичевската епархија денеска доделија 120 хуманитарни пакети наменети за социјално ранливите семејства од подрачјето на општината. Оваа активност е дел од одбележувањето на богојавленските празници.
➡️Хуманитарните пакети ќе бидат доставени до семејствата од страна на екипите на Црвен крст и мобилните тимови на Општина Охрид.
✅ Нашата заедничка грижа нека биде поттик за останатите институции, компании и граѓани за повисока општествена одговорност и обезбедување социјална поддршка онаму каде што е најпотребна.
Покрај хуманите активности, со дел од средствата кои беа предвидени за богојавленската прослава, оваа година беше поддржано креирањето на веб страницата www.bogojavlenie-ohrid.mk , на која се поместени низа содржини за празникот Богојавление-Водици во Охрид, напиша во својата фејсбук објава градоначалникот Георгиески.
Close