36 прекршоци за неносење маска

Според статистичките податоци на МВР, во изминатото деноноќие, на подрачјето на СВР Охрид, полициските службеници констатирале 36 прекршоци за неносење лична заштита на лицето (Охрид-15, Струга-05, Кичево-16).

Ним им се издадени прекршочни платни налози за сторен прекршок по член 6 став 1 од Уредбата со законска сила за носење лична заштита на лицето заради спречување на ширење на заразната болест Ковид-19.

Воедно, полициските службеници во соработка со Државниот пазарен инспекторат извршиле 45 контроли во угостителски и други објекти.

Close