Дел од населбата Бејбунар сеуште нема струја, зошто ЕВН не ги извести граѓаните?

Делови од населбата Бејбунар од утрово немаат струја. Дознаваме дека не се работи за дефект туку за планиран зафат за замена на столб на ул Лазо Трпоски. Поради ова се наметнува прашањето зошто ЕВН не ги извести граѓаните дека ќе останат без напојување со електрична енергија и ги остави за мрзнат.

Граѓаните се жалат дека немаат греење и дека децата неможат да следат онлајн настава.Велат доколку бевме известени ќе се организиравме кај блиски роднини. Зима е не се седи во незагреани простории.

Ова не е прв пат граѓаните на Охрид сред зима да останат без греење. Неофицијално стуја овој дел на Охрид ќе добие после 15:00 часот.

Close