Во Грција ќе може да влезат и невакцинираните

Во никој случај нема да биде услов за некој да влезе во Грција, да мора претходно да прими вакцина, потенцираше министерот за туризам на Грција, Харис Теохарис во гостување во програмата на Скаи Тв.

На предложените сертификати за вакцинација, Теохарис јасно стави до знаење дека вакцинацијата нема да биде услов некој да може влезе во земјата, а за невакцинираните ќе има брзи тестови. Но, здравствената комисија ќе одлучува дали тие ќе бидат извршени или не на сите.

“Би сакал да разјаснам што нашата земја им предложи на другите членки на ЕУ. Како прво, се чини дека писмото имаше ефект што сакавме да го постигнеме, односно да ја “протресеме“ Европа за да може конечно да се координира. Координацијата е неопходна и нашата земја е во првите редови во оваа област. Не смееме да направиме чекор назад. Минатата година имавме ограничувања во движењето на туристите. Оваа година мора да има движење на туристи. Првата опција е брз тест, кој е и побезбеден и поевтин и ќе ни овозможи да ги намалиме непријатностите за патниците“, изјави Теохарис.

Close