Пријави за 49 верници кои го славеа Водици во Охрид

Поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „непостапување по здравствени прописи за време на епидемија“, полициски службеници вчера извршиле проверка на 49 лица во месноста „Сараиште“, за време на празникот Водици, а по целосно документирање, полицијата најави дека ќе поднесе соодветна пријава.

-На 19.01.2021 година во времето од 07 до 15 часот, преземени се активности со цел доследно спроведување на мерките и препораките за заштита и превенција од ширење на Коронавирусот Covid 19. Притоа, кај месноста „Сараиште“ на улицата „Цар Самоил“ во Охрид, забележана е поголема група граѓани по што, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „непостапување по зарвствени прописи за време на епидемија“, полициските службеници извршиле проверка на 49 лица. По целосно документирање , СВР Охрид ќе поднесе соодветна пријава, велат од СВР Охрид.

 

Close