Најмладите жители на населбата „Воска“ добија уредено катче за забава


Нов детски парк е направен во населбата Воска, наменет за најмладите.
-Најмладите жители на населбата „Воска“ добија уредено катче за забава. Со средства од буџетот на Општина Охрид поставено е ново детско игралиште кое е опремено со најсовремени детски реквизити со гумирана подлога. Просторот е соодветно ограден и уреден со урбана опрема.



