Стефоска: И не е така лошо што УНЕСКО го стави Охрид на листата загрозени подрачја

За министерката за култура Ирена Стефова не е катастрофа доколку УНЕСКО го избрише Охридскиот регион од листата на светско природно и културно наследство и го внесе на списокот на загрозени културни добра.

“ Да се разбереме ставањето во опасност не е катастрофа, туку напротив ако дојде до тоа случајно тогаш и режимот на заштита мора да е уште повисок , УНЕСКО ќе помогне со експертиза, со фондови, но тогаш главната обврска и одговорност е на сите нас во нашата земја , се разбира и на институциите од локалната и централната власт, но и на граѓаните се разбира, ако сакаме ова светско и културно добро да го заштитиме.” – вели министерката за култура Ирена Стефова.

 

Close