Во светот досега се вакцинирани 46,2 милиони луѓе во 51 земја

Во најголемата кампања за вакцинација во светот, досега се вакцинирани 46,2 милиони луѓе во 51 држава.

Најновото темпо на вакцинација во светот е околу 2,35 милиони дози на ден, јави Блумберг.

Вакцинацијата во САД почна на 14 декември, а досега се вакцинирани 15,6 милиони луѓе, според извештајот на Блумберг и податоците на Центрите за контрола на болести. Само минатата недела во просек биле аплицирани 806.716 дози дневно.

Во САД на 100 жители ставени се 4,7 дози.

 

Close