Кучиња скитници нападнаа дете на плоштадот во Охрид

Денес околу 12 часот и 30 минути на централниот плоштад во Охрид глутница кучиња скитници нападнаа дете и мајка – јави Скопје1
Детето кое е на четири годишна возраст го спасиле таксистите кои ги мавале кучињата со клоци, по што со такси детето е превезено до Брза Помош во Охрид.
Извршен е преглед врз детето, и констатирани се повреди на грбот и половината.
Кучињата скитници со години се проблем во Охрид кој никако да се реши, а последната година видливо е дека бројот на кучиња скитници во Охрид рапидно е зголемен и нив ги има на сите улици во градот , од центарот до периферијата.
Фото: архива

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close