Западниот Балкан ќе треба да почека „уште неколку недели“ за вакцини од ЕУ

Потпретседателот на Европската Комисија, Маргаритис Схинас, изјави дека ЕУ работи интензивно на тоа да им овозможи на земјите партнери на западниот Балкан да ги добијат вакцини, но дека ќе треба да се почека уште некоја недела, јави дописничката на МИА од Брисел.

На прес-конференција попладнево посветена на стратегијата за вакцинирање во ЕУ, Схинас порача дека проблемот не е во парите туку во достапноста на дозите за вакцини против Ковид-19.

-Парите се достапни за помош, ситуацијата во која се наоѓаме сега ќе бара уште неколку недели трпение, повеќе од парите проблемот е во количината на достапни вакцини. Дури и со пари не може да се најдат доволно вакцини на пазарот, изјави Схинас, одговарајќи на новинарско прашање за ветените вакцини за западен Балкан.

Тој додаде дека на претстојниот самит на лидерите на ЕУ кој ќе се одржи в четврток ќе се разговара и за оваа тема, но Схинас не сакаше да открие повеќе детали за количните и роковите во овој момент.

 

Close