ОК ВМРО ДПМНЕ со честитка за Богојавление-Водици


ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид на сите верници од православна вероисповед им го честита големиот христијански празник Богојавление – Водици.
На Богојавление се слави споменот на Христовото крштевање во реката Јордан и Божјиот изглед во форма на гулаб и глас. Исусовото крштевање е симбол на духовното раѓање, просветлувањето, прочистувањето од гревовите, на простувањето.
Да дозволиме празникот Богојавление да ги зацврсти во нас духовните сили и да ја сочуваме верноста кон Бога.
Посакуваме добро здравје, многу успех и среќа.

Нека е за многу години празникот!
Бог се јави!
Навистина се јави!