Бојан Михајловски едногласно избран за нов претседател на ЛК СДММ Охрид

На синоќешната Годишна изборна конференција на ЛК СДММ Охрид едногласно е избран за нов претседател Бојан Михајловски, информираат од ЛК СДММ Охрид.

-Вечерва беше одржана Годишната изборна конференција на ЛК СДММ Охрид, на која со своето присуство не почестија претседателот на СДММ Марко Михаилоски, претседателот на ОО СДСМ Охрид Лазе Таневски и потпретседателката на СДММ Ана Манасиева.
Ни претставува голема чест и задоволство да Ви соопштиме дека Бојан Михајловски едногласно е избран за нов претседател на ЛК СДММ Охрид🎉.
Честитки до него и до новоизбраното раководство на ИО и НО на СДММ Охрид.
Убедени сме дека заедно со својот тим, наредните две години од својот мандат ќе ги води успешно, посветено и одговорно.
Од срце му благодариме на досегашниот претседател Никола Ристески за сите вложени години, учејќи не на другарство, слога, единство, трпение, борбеност… Му благодариме на укажаната доверба, а денешниот избор е само уште еден доказ дека СДММ била и ќе остане авангарда, стои во објавата на фејсбук.
https://www.youtube.com/watch?v=q4PHshrXDy0&t=4s&fbclid=IwAR0pZVAwkLtUIO94E4-mfZsGwB2dRcJVm_OuhrY_g_Rr7saQySckkPqBpB0
Close