(ВИДЕО) Витанов за странските инвестиции: Се додека имаме премиер, кој лаже и спроведува туѓи агенди за туѓи национални интереси, ние не можеме да разговараме за економија

Основачот на Асоцијацијата на менаџери на Македонија и основач на Асоцијацијата на менаџери на Југоисточна Европа, Зоран Витанов на својот You tube канал постави видео во кое отворено без „влакна на јазик“, ги критикува погрешните политики на Владата во однос на економијата, но и ги лоцира проблемите на Македонија, посочувајќи го вистинкиот пат кој треба да го направиме доколку сакаме да ја зачуваме земјава.

“Државата треба да има воља да привлече странски инвестиции. Оваа Влада од кога е дојдена на Власт, веќе втор мандат воопшто не и е фокусот странски инвестиции. Мојот личен впечеток е дека оваа Влада воопшто не е заинтересирана за националните и економски интереси на Република Македонија. Оваа Влада има друга агенда да направи интерес на соседни држави од политички аспект, а не од економски, тоа е правата причина. Втората причина треба да се има и стручност.

Ајде малце да видиме кои се луѓето кои треба да привлечат странски инвестиции. Советник на премиерот за привлекување на странски инвестиции е Љубе Бошковски. Дали доколку имате приватна форма и треба да привлечете странски партнери би го ангажирале Бошковски?

Лице број два е Артан Груби. Кога ми доаѓа Артан Груби како име и презиме ме асоцира на Камбоџа, а таа беше една од најкастрофалните држави во светот кога луѓе како Артан Груби беа на Власт. Дали знаете дека денес кога Камбоџа одлучи да раскрсти со таквите луѓе, да не бидат воопшто присутни во социјлниот, а не во политичкиот живот. Камбоџа е во ТОП 10 странски земји за привлекување на странски инвестиции. Ние немаме ни кадрова политика, ни политичка воља, вели Витанов.

Витанов беше познат и по критиките кои ги упатуваше до претходната Влада.

„Премногу ја критикував минатата Влада за економијата бидејќи беше премногу вмешана во сомнителна економија. Но, од десетте фирми извозници во Р Македонија во 2020, осум се од странските инвестиции што ги привлече претходната влада. Во економијата бројките никогаш не лажат“, категоричен е Витанов.

Тој отворено зборува и која е во моментов рак рана на Р Македонија. Според него тоа не е ни задолжувањето кое го надмина  60 % , туку дефицитот во меѓународна трговска размена.  Р Македонија во моментов има многу повеќе нето одлив на пари, отколку нето прилив на пари. Таа рак рана, ја решава само една и единствена мерка, а тоа е привлекување на странски директни инвестиции, особено оние кои се извозно ориентирани. На клоци да ги избркаме луѓето кои не се разбираат во економија, ако сакаме економија. Тие на друг начин не разбираат.  Ако сакаме криминал, перфектни се. Се задолживме една и пол милијарди евра. Никој не знае каде, никој не даде отчет за тие пари и тоа воопшто не се осети во економијата“, вели Витанов.

Што се однесува до КОВИД кризата, Витанов вели:

„Се влечат на ковидот. Со ковидот одредени индустриски гранки се во криза, но одредени се во експанзија.  Да го потсетам премиерот кој што не лажел очигледно дака на граница чекаат Google, facebook, aple и слични. Да потсетам во услови на КОВИД овие индустрии покажаа рапиден пораст.  Но се додека имаме премиер, кој лаже и спроведува туѓи агенди за туѓи национални интереси, ние не можеме да разговараме за економија. Јас не го бранам Груевски, не сум го гласал од 2008 год навака, но да не беа тирзовите Македонија ќе беше до сега банкротирана во однос на ликвидноста. Дефицитот во меѓународна трговска размена е катастрофален. Еве уште еден податок, официјален податок од централната банка на Македонија, за 26 % е опаднат нето приливот од физичкото население, од нашите гастрбајтери., вели Витанов и додава:

„Јас во интерес на моите деца морам да ја зборувам вистината. Како татко кој одлучил децата да живеат во Р Македонија. Но, не сум сигурен дека Р Македонија има ваква критична маса домаќини, да ги отфрлат ваквите политичари, ако имаме ќе си ја спасиме Македонија, ако немаме не ја заслужуваме“.

Инаку Витанов е  економист, која  имаше и политичка кариера  од  2001 година, кога беше именуван за заменик министер за економија. Во неговото политичко “досие“ се вбројува и пратеничкиот мандат 2006/2008 година, период во кој тој е и член на парламентарната комисија за финансии и буџет и парламентарната комисија за транспорт, градежништво и економија. Но, по неговото повлекување од политичката сцена, Витанов се посветува на консалтингот и бизнисот.  И токму тогаш Витанов станува еден од најгласните критичари на вкупните економски политики. Тој е основач на Асоцијацијата на менаџери на Македонија и основач на Асоцијацијата на менаџери на Југоисточна Европа..

Close