(ФОТО) Охрид се расчистува од снегот

Оперативните служби на ЈП “Охридски Комуналец” беа на терен во текот на целата измината вечер. Активностите за чистење на снегот од улиците и останатите јавни површини во градот интензивно продолжуваат и денеска.
Заради поголема ефикасност на механизацијата и посоодветно отстранување на снегот од потесните улички и приоди во градот, се упатува апел до граѓаните да ги отстранат паркираните возила, напиша на својот ФБ профил градоначалнкот на Охрид, Константин Георгиески.

 

Close