Импичментот на Трамп нема да започне пред инаугурацијата на Бајден на 20 јануари!

Лидерот на републиканското мнозинство во Сенатот, Мич Меконел, денес изјави дека отповикувањето на Доналд Трамп во Сенатот нема да започне најрано до следната недела, со што формално се отфрлаат повиците на демократите за свикување на седница на Сенатот оваа недела.

„Претставничкиот дом гласаше за отповикување на претседателот. Сепак, процесот на отповикување во Сенатот ќе започне на нашата редовна седница (закажана за следниот вторник) откако ќе го добиеме писмото од Домот“, рече Меконел, а пренес весникот Хил.

Тој додаде дека „едноставно нема шанси за „фер или сериозен процес“ пред Џо Бајден да положи заклетва на 20 јануари.

„Ова не е моја одлука, туку факт. И избраниот претседател рече дека неговата инаугурација е најбрзиот начин за каква било промена“, додаде Меконел. Редовната седница на Сенатот, на која може да започне расправата за отповикување на Трамп, е закажана за 19 јануари, а според меморандумот што го покажа Меконел, Сенатот може да започне со разгледување на повлекувањето на Трамп во 13 часот на 20 јануари, кога Бајден веќе ќе стане претседател, или на 21 јануари.

Покрај Претставничкиот дом, кој синоќа гласаше за отповикување, на Трамп му треба двотретинско мнозинство во Сенатот, кој се состои од 100 сенатори, што значи дека на демократите ќе им требаат 67 гласа „за“.

Close