Вевчани- Официјалн изјава за медиумите од василичарите

Одредени структури на полицијата очигледно направиле погрешна проценка, односно пратија преголема бројка полициски службеници на Св.Василја Вевчани. Народот тоа го сфати како провокација, иако не ги знаеше вистинските причини за почетокот на инцидентот. Полицијата пред сѐ, не беше злонамерна кон Вевчанци.
Инцидентот не беше направен врз полициска казна за непочитување на мерки, туку беше предизвикан од (не) луѓе на кои им е битна само политичката фотелја и рејтинг, конкретно од претседателот на опозициската партија во Вевчани, кој со неговата дружина се дрзнаа вербално да напаѓаат полициски службеници, од кои неколку беа наши, Вевчанки службенички во МВР.
Како не им е срам на овие неморални лица да ја занемарат целата вевчанска традиција и култура, која трае над 1400 години, само за да дојдат на власт?
Демек, „уапсете ме мене (претседател на ВМРО), за да се сликам насмеан во полициско комбе и потоа да кажам дека е полициска бруталност од власта кон цело Вевчани, за да си земам политички поени во своја корист.“ (изигравање жртва)
Епа не помина. За пофалба се голем број ВЕВЧАНЦИ кои не подлегнаа на провокациите и придонесоа инцидентот да згасне и сѐ да помине во најдобар ред.
Сакаме да кажеме едно ГОЛЕМО БРАВО за василичарските друштва Горна и Долна Мала, за одличната организација!
Ние, Василичарите, апсолутно ги испочитувавме сите мерки и протоколи и се сѐ одвиваше во најдобар ред, додека партиски ботови искористија ситуација за оцрнување пред сѐ, на своето Вевчани.
Св.Василја во Вевчани била и ќе биде. Ситни риби никогаш не можат да го нарушат угледот на Свети Василја.
Со почит,
Мое Вевчани.
Close