Уапсен претседателот на ВМРО ДПМНЕ во Вевчани Ѓорѓи Влајнкиноски

Во попладневните попречувања на дефилето на Вевчанскиот карневал од страна на полицијата во Вевчани, уапсен е и претседателот на ВМРО ДПМНЕ во Вевчани Ѓорѓи Влајнкиноски. Тој во својата објава на фејсбук напиша:
Денес бев апсен. За ништо, се разбира.
Нема страв, нема предавање.
Има полициска бруталност, ама ќе им помине.
Вевчанци, драги мои Вевчанци посебно Ви БЛАГОДАРАМ за ПРКОСОТ кон полициската бруталност.
Да живее Вевчани, да живе Македонија.
Close