Путин нареди масовна вакцинација против ковид-19

Рускиот претседател Владимир Путин им нареди денес на официјални лица да започнат со масовна вакцинација следната недела и вакцините да бидат достапни за сите Руси.

Русија, која е четврта во светот по бројот на случаи на ковид-19, започна со опсежни вакцинации минатиот месец.

Некои податоци покажуваат дека досега со Спутник V биле вакцинирани 1,5 милион луѓе.

„Ве повикувам следната недела да почнете со масовна вакцинација на целото население“, им рече Путин на официјалните лица на владиниот состанок одржан преку видео врска емитуван на државната телевизија.

Вицепремиерката Татјана Голикова рече дека властите ќе бидат подготвени да ја прошират програмата од понеделник.

Русија не воведе строги затворања за време на вториот бран на зараза, кој започна во септември, а официјалните лица изјавија дека постојните ограничувања се доволни во борбата против вирусот.

Close