Михаил Арсенов: Немаше насилство за Др. Балев да ја спаси девојката

Во врска со пласираните дезинформации и лаги во медиумите против мене сакам да изјавам дека ништо од тоа не е точно. Со лицето Лилјана Димоска подолго време бев во љубовна врска и во ниту еден момент од моја страна немаше никакво насилство или семејно насилство врз неа . Истата е полнолетна и доброволно беше во љубовна врска со мене, ниту беше присилувана од моја страна ниту пак јас вршев притисок врз нејзе.

Во наведениот случај, наведениот доктор незнам од кој и какви причини се вмеша во приказната. Дали после пласираните невистини дали докторот сака само да си ја отргне својата дамка која сам си ја направи зашто во ниту еден момент истиот не беше замешанмеѓу нас. Јас само си ја кажав вистината како што беше. Од секаде сум преплавен со дезинформации и лоши коментари. Ова е колку да се спаси Др.Балески за мојата изјава а за “насилство” како што наведува тој дека ја спасил девојката (јас не сум запознаен со тоа).

Нема никакво насилство помеѓу нас. Ако јас бев пријавен за насилство до сега требаше да сум лишен од слобода. Јавно сакам да кажам дека оваа врска со Горан Балески, беше да ја сврти топката кон мене и да има такво нешто нема потреба да се меша кога има такви институции.

Не сакам да верувам дека врз вработените во МС Охрид се врши некаков притисок во кој јас сум личен сведок дека за повредите кои ми беа нанесени критичната вечер сеуште не ми е издаден документ со констатирани повреди , иако инсистирав на тоа.

Оставам и верувам во надлежните органи, дека точно и целосно ќе ја утврдат фактичката состојба и ќе се стави крај на лажно пласираните вести а вистинскиот виновник ќе биде изведен пред лицето на правдата. Незнам дали после оваа моја изјава че се продолжи вршењето на притисок од страна на докторот кој  после пријавениот настан во полиција од моја страна цело време ме прати, врши притисок врз персоналот во МС Охрид да не ми издадат лекарско уверение и слично. Се надевам дека институциите ќе ги превземат сите мерки до крај и правилно да го расчистат случајот, истакнува во својата изјава Арсенов.

 

Close