Приведени две лица, нападнале вработена во казино во Струга, лице од обезбедувањето и полициски службеници

На 12-01-2021 година околу 10 часот, пред угостителски објект во струшкото село Лабуништа, нарушен е јавниот ред и мир, со физички напад извршен од С.О. врз Ј.М.(40), двајцата од истото село. Против напаѓачот, ОВР Струга ќе поднесе соодветна пријава.

На 12.01.2021 година во ОВР Струга, од слобода се лишени В.М.(34) од струшкото село Корошишта и А.Р.(53) од селото Велешта. Тие, со уште две други лица во казино лоцирано на улицата „Нико Нестор“ во Струга извршиле физички напад врз вработената А.А.(24) од Струга и работникот на обезбедување-А.А.(26) од струшкото село Делогожда а потоа и врз полициски службеници кои пристигнале во казиното и преземале мерки за расчистување на физичкиот напад. ОВР Струга работи на расчистување на настанот по што, ќе поднесе соодветни пријави.

Close